Ѕвезда одвај преживеа во Горњи Милановац и го доби контроверзниот меч со Раднички

Црвена ѕвезда со тешки маки освои три бода на гостувањето кај Раднички 1923, и победи со 1-0 со гол на Иваниќ во 85-та минута.

Мечот кој се играше во Горњи Милановац, неколку пати беше прекинуван поради инциденти кои ги предизвикуваа навивачите на двата тима, а најлошо мина Словенецот Дркушиќ покрај кој експлодираше топовски удар.

Ѕвезда не можеше да даде гол, а работата им беше олеснета во 78-ма кога Глушчевиќ за 30-тина секунди доби два жолти картони, па гостите од Белград имаа човек повеќе на терен и само седум минути подоцна ја искористија предноста.

- Оглас -

Најнови вести