6044 Каират – КуПС (17.00 часот)
Финците со двата гола во второто полувреме беа подобри од Казахстанците со 2-0 на првиот меч, па со солидна предност влегуваат во овој реванш. Победникот од овој двобој во следното коло оди најверојатно на Слован Братислава. Каират нема друг избор освен да ризикува и да нападне од првата минута, што може да биде опасно и да подзаборават на одбраната. КуПС има серија од осум натпревари по ред без пораз, па полни со самодоверба одат во Алмати.
Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.90)
6707 Дрита – ФК Копенхаген (20.00 часот)
Првакот на Косово добро се држеше на првиот меч во Данска, но за седум минути, од 69-тата до 76-тата, прими два гола, двата од пенал. Сега Копенхаген е голем фаворит за пласман во следната рунда од квалификациите за ЛШ, а притисокот е врз Дрита, која според квотите и денеска е аутсајдер. Ако ја мине Дрита, Копенхаген во следното коло речиси сигурно ќе игра со соседот Малме. Последниот пораз на Копенхаген со два гола разлика беше во април против Митјиланд.
Предлог тип: Х2 & 1-3 (1.77)
6703 Динамо Киев – Хамрун (20.00)
Тука нема дилеми дека украинскиот тим е голем фаворит против претставникот на Малта и дека домашните ќе триумфираат. Динамо ќе игра како домаќин во Лублин, Полска, но тоа не е толку важно, Украинците сигурно одат понатаму откако на првиот меч на Малта славеа со убедливи 3-0 и реваншот го направија формалност. Ова е само загревање за Динамо Киев пред битката во следното квалификациско коло против Пафос или Макаби Тел Авив.
Предлог тип: 1-1 & 2-5 (1.92)
6899 Интер Ескалдес – Олимпија Љ. (20.30 часот)
Тимовите од Андора се летен хит во квалификациите во европските купови, но се чини дека за Интер тука ќе биде крајот на авантурата. Словенечкиот тим на првиот меч во Љубљана победи со 4-2, иако тимот од Андора изненадувачки водеше со 2-0 до 55-тата минута. Негативата од два гола разлика е тешко надоместлива за нив, но може да се очекува повторно отворен фудбал и двата тима да постигнат гол.
Предлог тип: ГГ и 3+ (2.16)
6709 Ц. Ѕвезда – Линколн (21.00 часот)
Црвено-белите од Белград добија многу критики што на првиот меч во Гибралтар победија само со 1-0, па како да се налутија и на ОФК Београд и викендов му дадоа 7 гола во генералната проба пред реваншот со Линколн, кој во првото коло го елиминира првакот на Фарски Острови. Ѕвезда денеска веројатно да биде поефикасна за да ја задоволи публиката, можеби во нападот ќе дебитира и Арнаутовиќ, на гостите не им се пишува ништо добро. Наредна пречка за белграѓани на патот до Лигата на шампионите ќе биде полскиот Лех.
Предлог тип: Т1 4+ (2.03)