Ѕвезда повторно ги разочара навивачите, Анадолу гази во низа

Црвена ѕвезда претрпе втор пораз во два дена на домашен терен, овојпат Алба Берлин си замина со цел плен од Белград при конечни 94:85. Неивесната пресметка не можеше да се реши во последните моменти, па дури во дополнителните пет минути гостите го зграпчија целиот плен.

Двете екипи беа шутерски расположени, тројките им беа главно оружје, а токму со шутеви од далечина сакаа да го одлучат победникот во пресметката. Алба промаши тројка во својот последен напад, но и домаќините не ги искористија своите шанси преку Лазиќ и Штимац.

Во продолжението Алба направи серија од 9-2, а кошаркарите на Ѕвезда немаа сили, ниту време да се опорават и да се вратат во игра.  Пантер со 18 поени беше најефикасен во редовите на Ѕвезда, по 15 поени реализираа Сикма и Сива за Алба.

Анадолу ефес ја оствари петтата победа во низа и се зацврсти на врвот на табелата со вкупно 17 победи, откако на домашен терен славеше со убедливи 101:74 против Асвел. Европскиот вицерпвак се потрпе на најдобриот поединец Шејн Ларкин, а Американецот блескаше со 29 поени, 7 асистенции и 6 скока и одлична реализација за три поени, 6/9.

Останати резултати од 20-тото коло во Евролигата:

ЦСКА Москва 94:90 Басконија, Зенит 81:85 Валенсија, Олимпијакос 89:72 Баерн Минхен.

- Оглас -

Најнови вести