33.8 C
Skopje
понеделник, 8 септември 2025

Ѕвезда се засили со стоперот на првиот противник на Македонија на ЕП

Црвена ѕвезда по еден ден од освоената двојна круна во Србија, го претстави првото засилување за новата сезона, Александар Драговиќ.

Стоперот на австриската репрезентација кој има српско потекло, потпиша тригодишен договор со Црвено-белите како слободен играч, откако претходно му заврши соработката со бундеслигашот Баер Леверкузен, чијшто член беше четири години.

Драговиќ досега запиша 89 настапи за Австрија во кои забележа два погодоци и ќе биде дел од репрезентацијата која на 13 јуни ќе биде првиот противник на Македонија на Европското првенство. Покрај Леверкузен, 30-годишниот дефанзивец во својата кариера играше уште за Лестер, Динамо Киев, Базел и Австрија Виена.

https://twitter.com/crvenazvezdafk/status/1397495199396515844

- Оглас -

Најнови вести