Ѕвезда се засили за ЛШ со крило од Хадерсфилд

Пласманот во групната фаза во Лигата на шампиони втора година во низа беше од голем финансиски придонес за Црвена ѕвезда. Токму затоа Црвено-белите ја отворија касата и ангажираа фудбалер кој може да им биде од значење за европските натпревари.

Ѕвезда го купи Раџив Ван Ла Пара, крилниот офанзивец на англискиот второлигаш Хадерсфилд, за сума од 1,5 милиони евра. Холандското крило потпиша договор на три години, според кој со додадените бонуси ќе заработув до 500.000 евра годишно.

Ван Ла Пара запиша повеќе од 100 настапи во дресот на Териерите, но минатата сезона играше само во пет меча во Премиер лигата. Иако нема искуство во меѓународните натпреварувања, Холанѓанецот има квалитети да направи разлика на теренот.

Црвена ѕвезда во Лигата на шампионите се најде во групата Б, каде што за противници ќе им бидат екипите на Баерн Минхен, Тотенхем и Олимпијакос.

- Оглас -

Најнови вести