Ѕвезда со „петарда“ го потопи Каират, понатаму одат Клуж, Митјиланд, ПСВ, Лудогорец, Јанг бојс и Спарта (видео)

Црвена ѕвезда со убедливите 5-0 над Каират Алмати во реваншот го надополни поразот од 2-1 од првиот меч и се пласира во третото коло од квалификациите за ЛШ, во кое ќе се сретне со Шериф Тираспол.

Петардата во Белград ја најави Александар Катаи со фантастичен погодок од далечина во деветтата минута, а само десетина минути подоцна Диони зголеми за резултат кој беше доволен за Црвено-белите за пласман понатаму.

Голот за 1-0 можете да го видите ТУКА.

Наместо тоа, домаќините продолжија да ја полнат мрежата на казахстанскиот шампион, а пред паузата, Катаи изведе уште една мајсторија, овојпат од слободен удар за убедливи 3-0. Во вториот дел Иваниќ и Фалко го поставија конечниот резултат.

Голот за 3-0 можете да го видите ТУКА.

Во меѓувреме, Митјиланд го елиминира Селтик со триумф од 2-1 по продолженија, Клуж со 2-0 над Линколн се пласира во следното коло. ПСВ го доби и вториот меч против Галатасарај со 2-1, Лудогорец ја реши Мура со 3-1. Јанг бојс со доволни 3-2 го надигра Слован од Братислава, а пласман во следното коло обезбеди и Спарта Прага со триумфот од 2-0 над Рапид Виена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести