Ѕвездата Минесота апелира вирусот да се сфати сериозно откако се зарази и неговата мајка

НБА-лигата се суспедира веднаш откако се потврди присуство на Коронавирусот во редовите на Јута џез, поточно ка Руди Гобер. Францускиот центар потоа го зарази својот соиграч Донован Мичел, како и еден член на Детроит пистонс, но не е само тој виновен што пандемијата стигна и во САД.

Преку Барата, епицентарот е Њујорк, каде што до утрово се забележани повеќе од 25.000 позитивни тестови и над 200 мртви од вирусот Ковид-19. И во други клубови, како ЛА лејкерс и Бруклин нетс се забележани заразени кошаркари, но сега стигна и до Минесота, поточно во домот на ѕвездата на Тимбервулвс, Карл-Ентони Таунс.

Тој се огласи преку „Твитер“ и потврди дека неговата мајка се наоѓа во болница и е во кома откако тестовите покажале присуство на Ковид-19. Неговата мајка е поврзана на респиратори откако состојбата со градите ѝ се влошила и загубила свест.

Таунс апелира до сите овој вирус да се сфати сериозно и сите да се прдржуваат до мерките и препораките како превенција за ширење на Коронавирусот.

„Мајка ми се наоѓа во болница откако се потврди дека е заразена со вирусот Ковид-19. Оттогаш ја немам видено, персоналот кој се грижи за неа цело време ме известува и она што знам е дека е во кома откако ситуацијата со белите дробови ѝ се влошила. Морам да останам позитивен, знам дека мајка ми ќе се избори со оваа болест бидејќи е најсилната жена што ја познавам, таа е шефот кај нас дома. Ќе ги замолам сите кои ќе го видат ова видео, следете ги мерките за заштита, не се мешајте меѓу голем број луѓе, односно седете дома и грижете се за вашата хигиена доколку не саката и вие да имате ваков проблем“, истакна Таунс.

- Оглас -

Најнови вести