Реал Мадрид продолжи да гази во шпанското првенство откако синоќа со 2:0 го победи градскиот ривал Атлетико. Карим Бензема и Асенсио беа стрелци на головите постигнати по асистенции на Винисиус Јуниор.
Младиот Бразилец игра одлично сезонава и речиси е незадржлив за противниците. Со своите дриблинзи Винисиус ги излудува противничките играчи, а тоа на своја кожа го почувствува и Анхел Кореа.
Играчот на Атлетико Мадрид тргна да му ја одземе топката на Винисиус, но фудбалерот на Реал со одлична финта со тело буквално го изфрли противникот, а Кореа заврши на трева.