Дефанзивецот на Баерн Минхен Алфонсо Дејвис ќе биде нов играч на Реал Мадрид, но тоа ќе се случи следното лето. Според најавите на весникот „Ас“, Кралскиот клуб решил да почека уште една година, за потоа да го доведе Дејвис на „Сантијаго Бернабеу“ и тоа како слободен играч.
Актуелниот договор на канадскиот репрезентативец со Баерн е до јуни 2025 година, а Реал сакаше летово да го купи. Шпанскиот првак даваше 35 милиони евра, но Баерн Минхен бараше 50 милиони евра за реализација на овој трансфер.
Откако не дојде до договор, од Реал решиле да почекаат уште една година кога ќе заврши договорот на Дејвис и тој ќе биде слободен играч, што значи без никаква очтета ќе може да направи трансфер.
Дејвис кој има 23 години е еден од најталентираните играчи на негова позиција. Во Баерн Минхен игра од 2019 година, а во последната сезона која што измина, одигра 42 меча во кои даде три гола, а имаше и шест асистенции.