Џошуа Кимих не беше во составот на Баерн за дуелот против Аугсбург на кој баварскиот гигант изненадувачки загуби со 2:1. Причина поради која Кимих не играше за Баерн, а ќе го пропушти и следниот меч на гостувањето кај Динамо Киев, во Лигата на шампионите е тоа што ѕвездата на Баерн Минхен е во карантин.
Иако не е заразен со Коронавирусот, Кимих деновиве бил во контакт со заразено лице, а поради тоа што нема примено вакцина, сега мора да помине 14-дневен карантин. од Баерн се лути затоа што Кимих не сака да се вакцинира, но фудбалерот по сопствено убедување смета дека не треба да ја прими вакцината.
Затоа, челниците на Баерн решија да го казнат фудбалерот со тоа што додека е во карантин Кимих нема да добие плата. Според калкулациите, Кимих ќе остане без 768.000 евра, за двете недели што ги поминува во карантин. Годишната плата на овој фудбалер е 20 милиони евра.
Освен Кимих, во Баерн засега без примена вакцина од првиот тим се уште и Серж Гнабри, Џамал Мусиала и Ерик Чупо Мотинг.