Ѕвездата на Баерн тешко настрада од Коронавирусот, има воспаление на срцето

Крилниот играч на Баерн Минхен и член на репрезентацијата на Мароко, Нусаир Мазрауи, ќе ги пропушти зимските подготовки на баварскиот гигант во Доха, пренесува Билд. Мазрауи присилно ќе паузира откако тешко заболе од Коронавирусот за време на одморот по завршување на Светското првенство во Катар.

Мароканскиот репрезентативец кој беше еден од најдобрите во историскиот настап на африканската селекција на Мундијалот, од Коронавирусот добил срцево воспаление, па затоа мора да мирува впо следните месец и пол.

Мазрауи е вториот фудбалер на Баерн кој доби срцеви проблеми, откако претходно проблеми имаше и Алфонсо Дејвис. Болеста позната како Перикардитис предизвикува болки во градите, која се зголемува при кашлање или заврзано дишење, а може да предизвика тешки здравствени проблеми, па дури и смрт.

Баерн МИнхен периодов има големи проблеми, откако пред неколку недели првиот голман Мануел Нојер ја скрши ногата на скијање и ќе паузира до крајот на сезоната.

- Оглас -

Најнови вести