Ѕвездата на Борусија којашто боледува од рак едвај ги додржа солзите иако кажа дека е добро (ВИДЕО)

Себастијан Але веќе неколку месеци се бори против рак на тестисите. Напаѓачот на Борусија Дортмунд којшто дојде од редовите на Ајакс за 35 милиони евра, го имаше своето прво појавување во јавноста по обелоденувањето на ваквата вест.

Тој се појави на доделувањето на наградата за најдобар напаѓач во холандската лига за минатата сезона, каде што постигна 21 погодок за Ајакс.

Але покрај тоа што ја прими наградата, имаше и емоционално обраќање, каде што едвај ги додржа солзите.

„Добро се чувствував кога пристигнав во редовите на Борусија, но потоа имав болки во долниот дел од стомакот. Направивме неколку испитувања и лекарите знаеа веднаш што е. Имав среќа бидејќи сè беше навистина рано откриено.

Имам поддршка од сите страни, имам прекрасна сопруга и се чувствувам добро“, изјави Але на доделувањето на наградата.

- Оглас -

Најнови вести