Италијанскиот репрезентативец Жоргињо се најде во центарот на секс скандал, откако беа откриени пораките кои тој ги праќал на една девојка вработена во клупскиот ресторан на Челзи. Жоргињо во 2018 година дојде на „Стемфорд бриџ“, а по некое време започнала романсата со Елис Скалкон, 26-годишна девојка, која порано има работено како танчерка на шипка.
Целата афера ја откри сега веќе поранешниот дечко на Елис, Арон Хјус.
„Елис започна многу често да зборува за Жоргињо и јас почнав да се сомневам. Кога минатото лето ми рече дека ќе оди со Челзи на турнејата во Јапонија, и реков дека сум загрижен. Кога се врати, ја прашав дали нешто се случило, а таа рече дека немало ништо. Тогаш не ни знаев за пораките“, вели Арон, кој инаку е навивач на Арсенал.
Арон заедно со својата девојка се подготвувале да одат на одмор во Шри Ланка, кога успеал да ги види пораките.
„На креветот го видов нејзиниот iPad. Сакав да го исклучам, но тогаш видов дека има многу пораки, меку кои и тие од Жоргињо. Покрај мене во собата, таа со него се допишувала. Видов дека и пишувал да дојде кај него во хотелската соба додека биле во Јапонија. Ја прашувал дал сака див или романтичен секс, а Елис му одговорила дека сака див секс. Потоа Жоргињо и напишал дека сака да ја види пијана, а таа му одговорила дека ќе ја види. Во третата порака, Елис го прашала дали повеќе сака црвени или жолти рози. Жорињо одговорил дека сака црвени и зошто токму тоа го прашува? Елис му открила дека има тетоважа црвена роза“, открива дел од муабетите во пораките меѓу двајцата фатени прељубници.
И покрај тоа што ги видел пораките, Арон и Елис заедно отишле на летување две неделни во Шри Ланка, но тоа биле најлошите две недели во неговиот живот. Кога се вратиле, едноставно ја прекинале врската. Целиот скандал стигнал и до жената на Жоргињо, со која има две деца, но таа побарала развод.
„Тој е играч на Челзи и семеен човек, а сепак решил да праќа пораки на мојата девојка. Каков пример е тоа? Тоа што најтешко ми падна е дека постигна гол против Арсенал во декември и на крајот Челзи победи. Тоа само ми ја зголеми болката“, вели Арон.