Ѕвездата на Динамо потпиша за Лајпциг

Дани Олмо и официјално е нов играч на германскиот бундеслигаш Лајпциг. Шпанецот имаше блескави моменти во дресот на Динамо, а со тоа го привлече вниманието на голем број европски гиганти. Се шпекулираше дека Барселона може да биде неговата следна дестинација, но сепак Олмо го одбра Лајпциг.

Според најавите трансферот е вреден 18 милиони евра, но од евентуалнит бонуси и успесите на Лајпциг, во касата на Динамо може да се инкасираат дополнителни 12 милиони евра, па трансферот да достигне вредност од 30 милиони евра. Олмо во Динамо дојде во 2014 година од младинскиот тим на Барселона.

Договорот со Лајпциг е до 2024 година, а доколку германскиот тим продолжи во исто темпо во првенството, Шпанецот по само пет месеци може да се радува и на шампионска титула во Германија.

 

- Оглас -

Најнови вести