Ѕвездата на Евертон доаѓа на „Олд Трафорд“

Манчестер јунајтед би можело да има нов играч до крајот на месецот. Тоа треба да биде централниот дефанзивец на Евертон, Џеред Брантвејт.

Дваесет и едногодишниот англиски репрезентативец беше изоставен од селекцијата на Герет Саутгејт откако беше вброен во групата од седуммина играчи кои во четвртокот дознаа дека нема да бидат дел од последниот список за Европското првество.

Оваа одлука, сепак, се покажува дека е од корист за Црвените ѓаволи, кои би можеле порано да го завршат трансферот без да чекаат до крајот на Европското првенство.

Преговорите со Евертон, сепак, нема да бидат лесни бидејќи Карамелите ќе го продадат Брантвејт само за сериозна трансферна сума. Клубот го вреднува својот дефанзивец слично како и трансферите на Хари Мегваер, Весли Фофана и на Јошко Гвардиол.

Манчестер јунајтед плати 80 милиони фунти за Мегваер во 2019 година, Челзи потроши 75 милиони фунти за Французинот во 2022 година, додека минатото лето Граѓаните издвоија 77 милиони фунти за Хрватот.

- Оглас -

Најнови вести