Ѕвездата на Германија во расправија со водителка: Не знам кој натпревар го гледавте

Фудбалерите на Германија вчера доживеаја шокантен пораз од Јапонија, а по натпреварот еден од најискусните играчи, Томас Милер, имаше мала расправија со новинарката на телевизијата АРД, Леа Вагнер.

Имавте ли чувство дека Германија доминираше во текот на целиот натпревар“, праша новинарката, по што следуваше ироничен одговор од фудбалерот на Баерн Минхен и на германската репрезентација.

„Море доминиравме цело време. Да, примивме два гола од 75-тата минута до крајот, но бевме супер доминантни. Не знам каков натпревар гледавте пред головите на Јапонците, но мислам дека го контролиравме целиот натпревар“.

Германија во второто коло ја очекува дуел со Шпанија и доколку загуби и на тој натпревар, речиси сигурно е дека настапите на СП ќе ги заврши во групната фаза.

- Оглас -

Најнови вести