Турција со 4:2 победи на гостувањето кај Исланд и тоа со пресврт направен во последните 30 минути од средбата. Исланд водеше со 1:0 благодарение на голот постигнат уште во третата минута, а фаворизираната Турција пресвртот го направи со погодоци постигнати во период од 62 до 90+5 минута.
Интересно е дека Турција даде гол и во 54 минута од пенал, но тој погодок беше поништен откако Хакан Чалханоглу направи еден редок вид на прекршок додека го изведуваше ударот од најстрога казна.
Капитенот на Турција и ѕвезда на Интер, при залетот кон топката се лизна, па кога шутираше со десната нога, топката удри и во неговата лева нога. При изведување на пеналот не е дозволено топката да удри во двете нозе на тој што изведува.
Голманот на Исланд тоа го забележа, жестоко реагираше поради што доби жолт картон од судијата, но се „избори“ ВАР судиите детално да го прегледаат шутот, по што беше јаснод ека Чалханоглу со двете нозе ја допрел топката при изведување на пеналот поради што и погодокот беше поништен.
Како беше изведен пеналот може да го видите ТУКА.
Hakan Calhanoglu (Turkey) penalty miss against Iceland 53′
byu/MeladroitTV insoccer