Ѕвездата на Клиперс ќе си бара шампионски прстен ако титулата во НБА ја освои Лејкерс

Доколку Лос Анџелес лејкерс ја освои шампионската титула во НБА-лигата, кошаркарите Патрик Беверли и Расел Вестбрук, кои веќе не се членови на Езерџиите, ќе бараат и тие да добијат шампионски прстени бидејќи сезонава играа за Лејкерс.

Вестбрук нема ниту една титула во кариерата и очајно го посакува прстенот. Тој во регуларната сезона одигра 52 меча за Лејкерс пред да биде трампан во Јута, од каде што си го откупи договорот и се пресели во Клиперс.

Беверли последно играше за Чикаго булс, а и тој би сакал да добие прстен бидејќи играше за Лејкерс сезонава.

Но, правилата во НБА се јасни, шампионски прстени добиваат само кошаркари кои за шампионскиот тим одиграле барем еден меч во плејофот.

Сепак, првакот може да изработи и сам да си плати прстени и за играчи за кои мисли дека го заслужуваат. Така Лејкерс во 2020 година му додели прстен и на Демаркус Казинс иако тој ја пропушти целата сезона.

- Оглас -

Најнови вести