Англискиот репрезентативец Трент Александер-Арнолд веројатно ќе си замине од Ливерпул и тоа за да го облече дресот на Реал Мадрид, јавува шпанска „Марка“. Актуелниот договор на Арнолд истекува во јуни 2025 година, што значи дека од 1 јануари дефанзивецот ќе биде слободен да може да преговара со други клубови.
Во иста ситуација како Арнолд во Ливерпул се и Мохамед Салах и Вирџил ван Дајк чии договори истекуваат на крајот на оваа сезона. Се очекува Салах и Ван Дајк да ги продолжат договорите со гигантот од „Енфилд роуд“, додека Арнолд сака да си замине.
🚨 🚨 BREAKING: Trent Alexander-Arnold has now made a DECISION.
He has chosen to join Real Madrid as a free agent. @marca pic.twitter.com/3Gqmils1Wc
— Madrid Zone (@theMadridZone) December 27, 2024
Како конекција меѓу Арнолд и Реал Мадрид треба да биде Џуд Белингам. Токму Арнолд и Белингам се одлични другари, па може да се очекува дефанзивецот да не потпише нов договор со Ливерпул, а со тоа да може да си замине како слободен играч во јуни и Реал Мадрид да има отворен пат да го доведе и тоа без да инвестира ниту едно евро во неговиот трансфер.