Ѕвездата на Манчестер добива докторат за постигнувањата во спортот и хуманата работа

Фудбалерот на Манчестер јунајтед и на англиската репрезентација, Маркус Рашфорд ќе добие почесен докторат од факултетот во Манчестер за посебни достигнувања во борбата против детската сиромаштија и успесите на спортскиот терен.

Рашфорд има само 22 години и тој е најмладиот добитник на ова признание кое го имаат и легенди како што се  Сер Алекс Фергусон и Сер Боби Чарлтон. Голгетерот на Манчестер за време на пандемијата со Коронавирусот посебно беше активен кога иницираше кампања во која успеа да издејствува децата кои се од семејствата кои немаат доволно финансиска стабилност, да добиваат бесплатни оброци и во текот на целото лето.

Британската влада ја усвои оваа идеја на Рашфорд, кој ја покажа својата хуманост.

„Тоа ќе биде ден со кој ќе се гордееме јас и моето семејство. Морам да кажам дека се чувствувам многу убаво кога ќе ги видам имињата на сите оние кои претходно го добивале ова признание“, вели Рашфорд, кој сезоната игра одлично и на теренот, па во 38 меча во сите натпреварувања има постигнато 21 погодок.

 

- Оглас -

Најнови вести