Ѕвездата на Манчестер го имаше најлошиот настап на еден играч во ЛШ

Манчестер јунајтед загуби од Барселона со 0-1 на „Олд Трафорд“ и ќе има многу тешка задача на реваншот во каталонската престолнина ако сака да се пласира во полуфиналето од Лигата на шампионите. Како еден од главните виновници за поразот на „Олд Трафорд“ е посочен искусниот Ешли Јанг. Англискиот репрезентативец го одигра можеби најлошиот меч во кариерата и најлош натпревар на еден играч во Лигата на шампионите.

Статистиката покажува дека Јанг на мечот против Барселона вкупно 32 пати ја загубил топката, имал 11 уфрлувањаи ниту еден не бил успешен. Со 73,3 отсто прецизност во додавањата, тој е најслаб додавач од сите кои играа синоќа на „Олд Трафорд“. Јанг никако не успеа да се справи ниту со Лионел Меси и Луис Суарес, кои често напаѓаа по неговата страна.

Природната позиција на Јанг е да игра на крило, но принудно е бек, но против Барселона едноставно одигра натпревар за заборав.

- Оглас -

Најнови вести