Ѕвездата на Манчестер јунајтед исфрлена од репрезентацијата на Бразил

Ентони, фудбалерот на Манчестер јунајтед, нема да биде дел од репрезентацијата на Бразил за престојните дуели против Боливија и Перу иако беше повикан во националниот состав. Ентони е исфрлен од составот откако се појави скандалот дека фудбалерот е обвинет за злоставување на поранешната девојка Габриела Кавалин.

Од Фудбалската федерација на Бразил одлучија дека додека трае истрагата, овој играч не треба да биде дел од составот на петкратниот светски првак.

„Верувам дека полициската истрага ќе ја покаже вистината, а тоа е дека не сум виновен“, кратко коментираше Бразилецот.

Инфлуенсерката Габриела Кавалин за време на едно интервју откри дека Ентони неколку пати ја малтретирал во периодот од јуни 2022 до мај оваа година. Во последната нивна кавга, фудбалерот фрлил со стаклена чаша кон девојката, а Габриела во обид да се одбрани, се здобила со длабока исекотина на прстот. Освен тоа, таа се жали дека била удирана по глава и малтретирана во повеќе ситуации, кога добивала и телесни повреди.

- Оглас -

Најнови вести