Ѕвездата на Манчестер јунајтед на оригинален начин возврати на вреѓањето од незадоволните навивачи (ВИДЕО)

Манчестер јунајтед вчеравечер го доживеа еден од најголемите порази во својата историја.

Како што е добро познато, Ливерпул на „Олд Трафорд“ постигна пет погодоци, а сето тоа предизвика голема нервоза кај домашните фанови, кои бараат оставка од тренерот Оле Гунар Солскјер.

Во моментите кога Манчестер беше „размонтиран“ на теренот, навивачите му се нафрлија со навреди на Џеси Лингард, кој делуваше незаинтересирано додека се загреваше, а потоа добија оригинален одговор од него.

„Не знам зошто викате по мене, јас не сум на теренот“, можеше да се прочита од устата на напаѓачот.

Лингард е во втор план кај Солскјер од почетокот на сезоната, кој досега за овој тим на теренот има поминато само 146 минути.

 

 

- Оглас -

Најнови вести