Французинот Усман Дембеле на фантастичен начин ја започна 2025 година. Офанзивниот играч на Пари Сен Жермен во првите 33 дена од Новата година е незадржлив за противниците.
Шампионот на Франција одигра шест натпревари, а Дембеле е вистински предводник на теренот и постигна вкупно 11 погодоци. Ниту еден друг фудбалер во светот нема дадено двоцифрен број голови во официјални средби во 2025 година.
Дембеле зад себе ги остави и големите ѕвезди на Интер, Лаутаро Мартинес и Килијан Мбапе од Реал Мадрид, кои по осумпати ги тресеа мрежите на противниците во 2025 година. Мартинес со Интер одигра девет натпревари, а Мбапе со Реал беше на теренот на 10 средби за да ги даде овие осум погодоци.
Во Топ 5 на оваа листа на најдобри стрелци во 2025 година е и Роберт Левандовски, со седум погодоци во девет средби, а со ист биланс се и Родриго од Реал Мадрид.
Ousmane Dembélé leads the 2025 scoring charts with 11 (!) goals in just 6 matches 😯🇫🇷 pic.twitter.com/I9hXKZ7Nhl
— 433 (@433) February 3, 2025