Ѕвездата на Реал налето си оди од „Сантијаго Бернабеу“ и нема ништо против да потпише со омразениот ривал 

Шпанскиот репрезентативец, Марко Асенсио, одлучи на крајот од сезоната, по истекот на договорот, да си замине од Реал Мадрид.

Тој е незадоволен од минутажата што ја добива од тренерот Карло Анчелоти и според шпанските медиуми е подготвен да се пресели и во редовите на најголемиот ривал на Кралевите, Барселона.

Каталонскиот весник „Спорт“ пишува дека Милан и Арсенал се најзагреани за потпис со Асенсио, но откако интерес пројави и Барселона, шпанскиот репрезентативец е подготвен да ја слушне понудата.

„Барселона го сака го своите редови, и можно да се договорат“,пишува „Спорт“.

Асенсио конечната одлука за заминување од Реал Мадрид ја донел по вчерашниот натпревар со Бетис кога не доби шанса да влезе во игра иако долго време за загреваше.

- Оглас -

Најнови вести