Реал Мадрид вечерва ќе стартува во мечевите од Светското клупско првенство, а на стоперската позиција стандарден треба да биде Раул Асенсио. Младиот 22-годишен играч за неполна година доби неверојатно зголемување на вредноста на фудбалскиот пазар.
Само пред 320 дена тогашниот тренер на Реал, Карло Анчелоти, му даде шанса на Асенсио, и тоа на претсезонскиот турнир во САД. Од тој момент до денеска Асенсио одигра вкупно 42 меча за Кралскиот клуб, поточно 3.066 минути на теренот.
Иако без искуство, Асенсио покажа голема зрелост и сигурност во играта, па токму затоа и неговата вредност на фудбалскиот пазар драстично порасна. Кога минатото лето Асенсио замина со Реал на претсезонскиот турнир во САД, неговата вредност беше само 300.000 евра.
Сега цената на Асенсио достигна неверојатен раст и сега изнесува дури 40 милиони евра. Актуелниот договор му е до јуни следната година.