Ѕвездата на Реал требаше да паузира до крајот на сезоната, а вечерва се враќа на терен

Пред почетокот на сезоната, Еден Азар потпиша за Реал Мадрид и требаше да биде големо засилување за Кралскиот клуб. Сепак, белгискиот репрезентативец не се снајде најдобро, а имаше и проблеми со повредите. Во февруари, азар заработи тешка повреда на зглобот на ногата и мораше да оди на операција.

По операцијата, најавите беа дека Азар нема да се врати на теренот до крајот на сезоната. Сепак, сезоната наместо да заврши на крајот од мај, таа се пролонгира поради пандемијата со корона-вирусот. По три месеци пауза, Реал денеска повторно ќе игра, а се очекува Азар да биде на теренот. Офанзивниот играч закрепна и може да биде од првата минута на теренот против Ејбар.

Според коефициентите во Sport Life, Реал е апсолутен фаворит за победа на свој терен.

 

- Оглас -

Најнови вести