Ѕвездата на Сити има порака за Кралевите: Ги почитуваме, но не им се плашиме, без Бензема, Крос и Модриќ, тие ништо немаше да освојат

Утревечер од 21 часот ќе се игра првиот полуфинален натпревар во Лигата на шампионите, мегапресметката меѓу Реал Мадрид и Манчестер сити.

Овие два тима и минатата година играа во полуфуналето на елитното натпреварување и Кралевите излегоа победници, а потоа во финалето преку уште еден англиски тим, Ливерпул, дојдоа до 14-та европска титула.

Португалецот Бернардо Силва, кој заедно со Ерлинг Халанд и Кевин де Бројне се меѓу најзаслужните за одличните резултати сезонава, вели дека тој и неговите соиграчи не им се плашат на Кралевите.

„Ги почитуваме, но не им се плашиме. Зошто би се плашеле? Би биле глупави доколку не ги почитуваме, но имаме цел. Знаеме дека загубивме минатата година. Оваа година сакаме да го направиме тоа на поинаков начин“, вели Силва.

Минатата година Манчестер сити во првиот полуфинален меч славеше со 4:3, а во реваншот загуби со 3:1 по продолженијата.

„Доколку Реал ги немаше Модриќ, Крос, Бензема, Винисиус, ништо не би освоил“, додаде Португалецот.

- Оглас -

Најнови вести