Тотенхем го загуби чекорот со Ливерпул, Челзи и Вест хем во битката за четвртото место во Премиер лигата откако вчера го претпре 10-тиот лигашки пораз во дербито против Манчестер јунајтед. Црвените ѓаволи се реваншираа за тешко загубениот дуел со 1-6 претходно сезонава, со што им помогнаа на останатите ривали кои се под нив на табелата.
Поразот тешко го поднесе ѕвездата на домаќините, Сон Хеунг-мин, кој беше видно разочаран и со тешко срце даваше изјава. Во еден момент му дојде и да заплаче, дури и се засрами поради симулирањето фаул во ситуација кога Јунајтед преку Кавани стигна до предност од 2-0, но голот се поништи.
Sonny has his say on today's game.#THFC
#COYS pic.twitter.com/koVOKGQZ8P
— Tottenham Hotspur (@SpursOfficial) April 11, 2021
На седум кола до крајот на сезоната во Премиер лигата, Тотенхем е седми со 49 бода, пред нив е Ливерпул со 52, Челзи со 54, Вест хем со 55 и Лестер со 56 бода на третото место на табелата.