Ѕвездата на Тотенхем мора да оди во војска

Сон Хеунг-мин, офанзивецот на Тотенхем, ќе мора да отслужи воена обука додека фудбалот, односно целиот спортски свет е во застој поради пандемијата со Коронавирусот. Клубот му дозволи на Сон пред неколку дена да се врати во Јужна Кореја, каде што треба да продолжи со закрепнувањето од повредата на раката, но сега ќе мора да помине обука за маринци.

Почнувајќи од 20 април, Сон ќе се приклучи во воениот камп на остворот Јеју, каде што ќе помине темелна обука од четири недели. Инаку јужнокорејската ѕвезда во 2018 година избегна двегодишна воена служба откако со својата репрезентација го освои златниот медал на Азиските игри.

- Оглас -

Најнови вести