Ѕвездата на Тотенхем стигна во касарна на отслужување на воениот рок (Фото)

Крилниот напаѓач на Тотенхем, Хеунг-мин Сон, влезе во касарна во родната Јужна Кореја, каде ќе мине тринеделен курс. Овој 27-годишен фудбалер ќе има скратена воена обука на островот Џеџу. Сон ќе биде дел од 9-тата Бригада на военоморскиот корпус и ќе остане таму до 8 мај.

Младите маже во Кореја се должни да служат воен рок во траење од две години, но Сон си издејствува максимално скратена процедура, бидејќи во 2018 година ѝ помогна на својата земја да освои златен медал на Азиските игри, па доби право да бира кога ќе служи. Со оглед на тоа дека фудбалот во Англија е суспендиран најмалку до крајот на мај, Сон реши дека сега е подобро да оди во војска, отколку да седи во изолација.

Откако мина 14 дена во карантин, Сон се појави во воената база и беше фотографиран. Тој носеше спортска облека, тренерка и капа, а носеше и маска со која се штити од корона-вирусот. Следен чекор е да облече воено одело и да почне со вежбање.

Сон ќе треба да научи да ракува со оружје, ќе маршира 30 километри носејќи на себе опрема тешка 24 килограми, ќе треба да знае како да дише при изложување на солзавец, ќе треба да знае да нурка, и сето тоа за да биде поподготвен за евентуална војна. Фудбалерот побара од новинарите и фоторепортерите да не се појавуваат во воениот камп, но тие го фатија од безбедна дистанца.

Поради повреда на раката, здобиена на 16 февруари, Сон нема играно од тогаш.  Од Тотенхем, враќањето на Сон во Лондон го очекуваат откако ќе ја мине обуката во војска.

 

- Оглас -

Најнови вести