Хамес Родригез минатото лето го напушти Евертон и замина во катарскиот тим Ал-Рајан, во трансфер којшто изненади многумина.
Јасно е дека големите финансии од Катар го привлекуваа колумбискиот фудбалер, но тој сфати дека направил голема грешка, која сака сега да ја исправи. Родригез му рекол на својот агент Жорж Мендеш да му најде клуб во Европа, и тоа по можност во топ пет лигите, а би се согласил и на значително помала плата.
Колумбијецот за Ал-Рајан одигра само 11 натпревари и постигна четири погодоци, а пред Евертон играше за Реал Мадрид, Монако и Порто.