Ѕвездениот тим на Сенегал со право се надева на титула на Африканскиот куп на нации

Садио Мане од Ливерпул и голманот на Челзи, Едуард Менди, ќе бидат предводници на сенегалската репрезентација на Африканскиот куп на нации во јануари, а многумина сметаат дека Сенегал ќе биде главен фаворит за титулата на африканското првенство.

Селекторот Алиу Сисе го објави поширокиот список од 27 играчи на кои смета за настап на шампионатот кој ќе се игра во Камерун. На списокот се и повредените Калиду Кулибали од Наполи и Исмаила Сар од Вотфорд.

На листата се и други фудбалери од Топ 5 лигите: Фоде Бало-Туре (Милан), Идриса Гай и Абду Диало (Пари Сен Жермен), Буна Сар (Баерн), Кеита Балде (Калјари), Булаје Диа (Вилјареал) и Шеику Конате (Кристал Палас).

Сенегал никогаш не бил првак на Африка, а пред две години загуби во финалето. Првиот меч го играат на 10-ти јануари против Зимбабве, а во групата противници им се Гвинеја и Малави.

- Оглас -

Најнови вести