Ѕвезденото дуо го предводеше Лејкерс до триумфот, одлична партија на Ембид на враќањето на терените

Кошаркарите на ЛА лејкерс ја совладаа Оклахома сити тандерс со 112:105 и ја прекинаа мини-серијата од два порази по ред.
До јубилејната 20-та победа сезонава, Лејкерси беа предводени од ѕвездениот дуел Ентони Дејвис и Леброн Џејмс. Дејвис имаше дабл-дабл од 27 поени и 15 скока, додека Леброн Џејмс даде 25 поени. Шеј Гилџес-Александер со 24 поени беше најдобар кај Оклахома сити. Интересно е што вечерва повторно овие два тима ќе играат меѓу себе.
Одлична партија на враќањето на терените по повредата имаше Џоел Ембид, кој со 41 поен и 10 скока ја предводеше својата Филаделфија во триумфот од 124:115 над Хјустон рокитс.
Импресивен натпревар одигра и Џими Батлер за Мајами хит, кој со реализираните слободни фрлања на 11 секунди до крајот му донесе триумф на својот тим од 96:95 над Бруклин нетс.
Резултати: Мемфис – Голден стејт 116:107, Кливленд – Чикаго 109:91, Бруклин – Мајами 95:96 (прод.), Торонто – Бостон 96:105, Јута – Индијана 132:105, ЛА лејкерс – Оклахома сити 112:105.
- Оглас -

Најнови вести