27.8 C
Skopje
среда, 9 јули 2025

Ѕвезди на последните финалисти во ЛШ доминираат во номинациите за најдобри играчи во Европа

Челзи и Манчестер сити, односно неколку ѕвезди на двата последни финалисти во Лигата на шампионите, доминираат во номинациите за најдобри фудбалери во Европа за сезоната 2020/21.

Актуелниот европски првак конкурира со четворица номинирани играчи, тројца од редовите на вицешампионот влегоа во потесниот круг, а претставници немаат само за позицијата напаѓач.

За најдобар голман ќе се бира меѓу Едуар Менди, Едерсон Мораес и Тибо Куртоа. Најдобар дефанзивец ќе биде еден од Цезар Аспиликуета, Антонио Рудигер и Рубеј Дијаш. Н’голо Канте, Жоржињо Фрело и Кевин Де Бројне конкурираат за најдобар играч за врска, додека за најдобар офанзивец ќе се бира меѓу Ерлинг Халанс, Роберт Левандовски и Килијан Мбапе.

Наградите ќе се доделат на 26 август за време на ждрепката за групната фаза во најелитното меѓународно клупско натпреварување на Стариот Континент, која ќе се одржи во Истанбул.

- Оглас -

Најнови вести