Ѕвезди на ПСЖ заглавени во лифт, по 50 минути ги спасиле пожарникари (видео)

Лајпциг и ПСЖ ќе го репризираат минатосезонското полуфинале во ЛШ, но овојпат ќе се игра на теренот на Црвените бикови, а не на неутрален терен како што беше случајот.

Томас Тухел за овој меч нема да смета на двете главни ѕвезди Нејмар и Мбапе, додека останатите се растревожени по вчерашниот инцидент кој се случи во хотелот каде што престојува францускиот првак.

Имено, по враќањето од вечерниот тренинг, неколку играчи на ПСЖ, поточно Ди Марија, Маркињос, Паредес, Кимпембе, Дијало, Дагба, Геје, Кен, Фадига и Руис-Атил заглавиле во лифтот од хотелот и чекале околу 50 минути да бидат спасени.

Морало да интервенираат пожарникари, а за инцидентот се дозна откако бекот Курзава сподели видео на социјалните мрежи.

https://twitter.com/FatMat91HD/status/1323740278709248005

- Оглас -

Најнови вести