Ѕвездите кои беа повредени и не играа на последниот меч за ПСЖ сега се главни фаворити за стрелец на првиот гол против Баерн Минхен

По повеќе од 100 дена пауза, денеска продолжуваат возбудувањата во Лигата на шампионите, а веднаш на програмата има едно големо дерби. Пари Сен Жермен е домаќин на Баерн Минхен во дуел на две екипи кои се вбројуваат и меѓу фаворитите за трофејот. Сепак, една од овие две екипи ќе мора уште во осминафиналето да биде елиминирана.

Според квотите, вечерва двете екипи имаат исти шанси за триумф. Во последниве шест години, ПСЖ и Баерн играле шестпати и интересно е дека нема нерешено. Баерн се радувал четири пати, а Светците имаат две победи. Највредната победа на Баерн е во финалето на ЛШ во 2020 година, кога германскиот тим победи минимално со 1:0.

ПСЖ се реваншира во 2021 година, кога го елиминира Баерн по двомечот, кој заврши со вкупни 3:3, но Французите поминаа понатаму поради повеќе голови дадени во гости. Сега тоа правило за гол на гости веќе не важи, што дава дополнителна возбуда во овој двомеч.

Последните најави од Париз се дека Лионел Меси и Килијан Мбапе ќе бидат подготвени и ќе бидат во стартниот тим на ПСЖ. Овие две супер ѕвезди ги пропуштија последните мечеви на Светците, но сега треба да бидат главни адути за триумф над Баерн Минхен, па затоа се и главни фаворити за постигнување на првиот погодок вечерва.

Веднаш зад Меси и Мбапе е Нејмар, а Чупо-Мотинг треба да биде главен адут за гостите за прв погодок. Токму Чупо-Мотинг беше стрелец на единствениот гол во последната средба на овие два тима. Може и да се комбинираат, па опцијата Меси да даде гол, а ПСЖ да победи е со квота 4.

Во Специјалниот сингл може да се обложите на голем број игри. За оние кои не сакаат многу да чекаат, тука се игрите прв аут, прв корнер, прв жолт картон, прва замена…

Може да одиграте и колку вкупно корнери ќе бидат изведени од двете екипи или посебно за секоја од екипите. Истите игри се и за бројот на жолти картони, офсајди, фаули…

Може да се одигра и на вкупно удари во рамките на голот, како и тоа во кој период ќе биде постигнат првиот погодок. Комбинацијата ПСЖ да добие пенал, а Баерн Минхен црвен картон е со квота 10.

 

- Оглас -

Најнови вести