Нема сон за ѕвездите на Барселона – среде ноќ пукаа огномети пред хотелот (видео)

Во пресрет на реванш-пресметката меѓу Ливерпул и Барселона во полуфиналето од Лигата на шампионите, навивачите на Црвените вчера доцна во ноќта правеле немири пред хотелот „Хилтон“, каде што биле сместени членовите на шпанскиот првак.

Ѕвездите на Барса сигурно не можеле да се одморат како што треба од преголемата врева, но и светлечкото шоу кое го приредија најлудите фанови на Ливерпул. Тие се обидуваат на секаков начин да му помогнат на својот тим да надополни три гола негатива и да избори пласман во големото финале втора година во низа.

Дуелот Ливерпул – Барселона на „Енфлид“ е закажан за 21 часот.

https://twitter.com/AwayDaysVideos/status/1125725783199232000

https://twitter.com/FootballFanCast/status/1125727623269818369

- Оглас -

Најнови вести