Ѕвездите на Барселона се спасија од брука и во продолжението успеаја да победат третолигаш, а славеа како да триумфирале во ЛШ (Видео)

Ѕвездите на Барселона се спасија од невиден срам, но нема да се спасат од жестоки критики од јавноста откако во продолженијата успеаја да слават над третолигашот Интерсити со 4:3.

Во регуларниот дел беше 3:3 иако за Барселона настапија ѕвезди како Депај, Дембеле, Бускетс, Алба, Кунде, Кеси, Араухо.

Каталонците по првиот дел имаа предност од 0:1 благодарение на голот на Араухо, но во вториот дел беа шокирани од играчот кој беше дел од Ла Масија, фудбалската академија на Барселона, Ориол Солдевилја.

Тој постигна три гола, во 59-тата, 74-тата и 86-тата минута и го однесе мечот во продолженијата од двапати по 15 минути. Головите за Барселона во вториот дел ги постигнаа Дембеле во 66 и Рафиња во 77-мата минута.

Спасител на Барселона беше Ансу Фати, кој на асистенција на Рафиња, во 103-тата минута го постигна голот за триумф и пласман во осминафиналето на Кралскиот куп.
Фудбалерите на Барселона победата ја прославија како да триумфирале во Лигата на шампионите, а не против тим кој игра во третата шпанска лига.

https://twitter.com/i/status/1610767760094552066

 

- Оглас -

Најнови вести