11.8 C
Skopje
четврток, 28 август 2025

„Ѕвездите во подем“ е првиот Ол-стар спектакл: Зајон и Американците се фаворити против Лука и Светот

Тим САД – Тим Свет (Ол-стар викенд, 03ч)

Oткако се игра во овој формат, кошаркарите кои не потекнуваат од САД имаат биланс од 3-2 против младите американски ѕвезди. Тимот на САД ноќеска ќе биде предводен од првиот пик Зајон Вилијамсон, како и фаворитот за наградата за најдобар новак Жа Морант, кои ќе му се спротивстават на сензационалниот Лука Дончиќ во неговото второ учество во мечот „Ѕвездите во подем“.

Ланската пресметка беше најефикасна досега, Американците славеа со 161:144, по вторпат ја надминаа границата од вкупно 300 поени. Со оглед на квалитетот и потенцијалот на двете екипи, сите ќе сакаат да се докажат пред преполната сала во Чикаго, но и пред оние кои ќе следат пред малите екрани, па затоа се очекува нова ефикасна средба.

Предлог тип: >301,5 поени (1.85) 

 

Каролина хурикејнс – Њу Џерси девилс (НХЛ, 01ч)

Ѓаволите од Њу Џерси сезонава за првпат триумфираа во Каролина по три гостински порази во низа, а сега повторно на исто место ќе се обидат да изненадат. Ураганите се во битка за пласман во разигрувањата, меѓутоа нивното расположение е турбулентно и не така често го бранат својот терен. Треба да се земе во предвид дека Њу Џерси има негативен биланс на гостувања, само 12 победи на вкупно 27 меча.

Предлог тип: X пол. (2.80)

 

Колумбус блу џекетс – Њујорк ренџерс (НХЛ, 01ч)

Ренџерите не го поседуваат потребниот квалитет и според нивниот учинок досега дефинитивно не заслужуваат место во плејофот. Колумбус пак, и покрај проблемите со повредите на голем дел од хокеарите, го држи шестото место на табелата во источната конференција, но моментално се во криза од три порази по ред, а дуелот против Њујорк е добра прилика да се стави крај на таа низа.

Сините јакни воедно целат на реванширање за поразот пред своја публика кој го претрпеа во декември минатата година, а исто така треба да се очекува висок број на голови.

Предлог тип: >6,5 погодоци (2.40)

 

Питсбург пингвинс  – Монтреал канадиенс (НХЛ, 01ч)

Во четири од последните пет меѓусебни дуели триумфира исклучиво гостинската екипа, а тимот на Монтреал запиша две убедливи победи од 4-1 и 5-1 во „ППГ Пејнтс арената“ во последните две гостувања. Со оглед на тоа дека двете екипи се во идентична форма во изминатиов период (по три победи и два порази) и фактот што на нивните дуели редовно мрежите се полни, не би требало токму ноќеска да престанат со тоа темпо.

Предлог тип: >5,5 погодоци (1.80)

 

Винипег џетс – Сан Хозе шаркс (НХЛ, 01ч)

Ајкулите пливаат при дното на Западот, тие се втор тим со најмногу порази сезонава. Меѓутоа, еден сегмент оди во нивна полза како гости во оваа средба. Во претходните шест меѓусебни средби, тимот што гостува се радува по истекот на периодите. Но, ако се знае дека Винипег ги доби двата дуели оваа сезона, тешко дека Сан Хозе може ноќеска да изненади со оглед на тоа во каква ситуација се наоѓа.

Предлог тип: 1 & 5+ (2.56)

- Оглас -

Најнови вести