Звонимир Бобан утре ќе биде на „Максимир“, но не одлучил за кого да навива

Еден од најдобрите хрватски фудбалери на сите времиња, Звонимир Бобан, кој сега работи како шеф во УЕФА, потврди дека утревечер ќе биде во Загреб за да го гледа натпреварот од Лигата на шампионите помеѓу Динамо и Милан.

Динамо е клуб од младоста на Бобан, а со Милан ги имаше најголемите успеси во клупската кариера. Затоа Звоне не знае за кого да навива во дуелот кој може да биде решавачки околу пласманот во осминафиналето на ЛШ.

„Ќе бидам на стадион. Квалитетот е на страна на Милан, но сигурен сум дека Динамо скапо ќе ја продаде својата кожа. Нема да ми биде лесно, тоа се клубовите на мојот живот. “ – изјави Бобан кој му донесе среќа на Динамо на 6-ти септември кога Модрите изненадувачки го победија Челзи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести