Хрватската фудбалска легенда Звонимир Бобан, на 20-ти април и официјално ќе стане шеф на европскиот фудбал, функција каква што досега никој не извршувал. Ова место во Унијата на европски фудбалски асоцијации УЕФА е креирано специјално за Бобан и на англиски се вика „chief of football UEFA“.
Бобан во минатото три години има работено во Светската фудбалска федерација ФИФА како заменик на генералниот секретар, тој е еден од најзаслужните за воведување на ВАР технологијата, потоа беше спортски директор на Милан, а по заминувањето од клубот од „Сан Сиро“, беше без работа. Претседателот на УЕФА, Александер Чеферин, смета дека Бобан е вистински човек за пополнување на празнината во организациската шема.
Харизматичниот Бобан кој има 53 години, ќе има големи овластувања и одговорности. Ќе биде задолжен за односи со лигите и клубовите, за ревизија на календарот, за ускладување на куповите и лигите, како и за управување со ВАР со натпреварувањата кои се под капата на УЕФА.