Ромарио Бензар вели дека ситуацијата во Италија е драматична со Коронавирусот, а тој и соиграчите веќе 17 дена се во самоизолација.
Романскиот репрезентативец игра за второлигашот Перуџа, град во кој, како што вели, владее страв и неизвесност со епидемијата на Коронавирусот.
„Веќе 17 дена сме во карантин и немам видено жив човек на улица во Перуџа. Луѓето живеат во страв и со многу неизвесност. Изгледаше како шега, но сега е драматично“, вели Бензар.
Тој одлули со семејството да остане во Италија, земја која е најпогодена со Коронавирусот и има најмногу заразени и починати во епидемијата што сее страв на целата планета.