Звучи лудо, но е вистинито: Челзи и Ливерпул во последните 465 минути си немаат дадено гол!

Двете екипи одлично поминаа во подготвителниот период и полни со оптимизам го чекаат стартот на новата сезона. Челзи ја има предноста на домашниот терен, но секако дека Ливерпул има свои фудбалски адути да може да атакува на победата.

Неверојатна е традицијата кога играат овие екипи, а тоа е дека последните шест средби завршиле нерешено. Тоа што е уште поневеројатно е дека на последните четири меѓусебни дуели немало ниту еден гол, односно завршувале со резултат 0:0.

Два од тие мечеви се во ланското првенство, а останатите два во ФА Купот и Лига Купот. Токму во Куп дуелите се играа по 120 минути и тогаш немало голови. Последен пат погодил Пулишиќ и тоа во меч 45 минута од мечот одигран на 2 јануари 2022 година, кога беше 2:2. Тоа значи дека се поминати точно 465 минути игра кога играат овие две екипи на теренот, а да нема ниту еден погодок.

Ако верувате дека денеска ќе се сруши „сушната“ традиција без погодок, одлични се понудите за стрелец на првиот гол, каде како најголеми фаворити се истакнуваат Дарвин Нуњес и Мохамед Салах. Може да погодите и во кој период ќе биде постигнат првиот погодок.

Тука се и игрите за прв корнер или последен корнер, прв жолт картон, дали ќе има пенал или црвен картон, како и тоа кој ќе ја направи првата замена. За оние кои сакаат статистика, може да се обложат на вкупниот број на корнери кои ќе бидат изведени.

- Оглас -

Најнови вести