Марио Балотели на крајот од месецов и официјално ќе стане слободен фудбалер, откако ќе му заврши договорот со Џенова, екипа во која и не се изнаигра. Кариерата на поранешниот италијански репрезентативец од поодамна е во надолна линија, па оваа сезона забележа само шест настапи, а на тревникот мина само 56 минути.
Вредноста на трансфер-пазарот му е скромни 500.000 евра, а може да го допре дното доколку се остварат најавите за неговиот следен трансфер. Италијанецот е пред потпис со шпанскиот третолигаш, Реал Мурсија, екипа која е подготвена да му даде шанса за да врати барем дел од препознатливата форма.
Доколку трансферот на Балотели во Мурсија се реализира, тоа ќе биде 13-ти клуб во неговата кариера, откако претходно настапуваше и за Лумецане, Интер, Манчестер сити, Милан, Ливерпул, Ница, Марсеј, Бреша, Монца, Адана, Сион и Џенова.