24.2 C
Skopje
вторник, 15 јули 2025

Звучи неверојатно: Следната сезона Манчестер сити е во опасност да испадне од Премиер лигата

Манчестер сити стана првиот тим во Премиер лигата кој успеа да ја освои титулата четири сезони по ред. Граѓаните едноставно доминираат во англиското првенство, па неверојатно делува фактот дека тоа е клубот на којшто му се заканува опасност дека може да испадне следната сезона.

Според обложувалниците во Англија, калкулациите за Сити да испадне од Премиер лигата во мај 2025 година е со квота 34. Колку за споредба, квотите на Ливерпул и Арсенал се 2.000, а поголеми коефициенти има и за Тотенхем, Њукасл, Манчестер јунајтед и Астон вила.

Причината поради која Сити е во ваква можна опасност да испадне е најавата дека може да биде драстично казнет по некоја од 115-те точки на обвинението поради кршење на финансискиот ферплеј и дека може да му бидат одземени многу бодови.

Токму затоа и обложувалниците се претпазливи и како посигурни дека нема да испаднат следната сезона се Манчестер јунајтед и Астон вила, а не шампионот Сити.

- Оглас -

Најнови вести