Русија е исфрелна од сите големи натпреварувања во спортот и во културата поради инвазијата врз Украина.
Светската јавност ја санкционира за своите постапки и ѝ стави до знаење дека нема да се толерира ваквиот пристап.
Сепак, ѕвездата на Шпанија и фудбалер на Бетис, Ектор Белерин, постави прашање и отвори тема којашто многу од западните медиуми ја „заборавија“.
„Што правиме со земјите коишто ги бомбардираа, Ирак, Јемен и Палестина? Целиот свет е заинтересиран за случувањата во Украина, воведоа санкции кон Русија, а зошто не се вовадат санкции кон тие коишто прават војни во другите земји?
Ова е расистички начин на гледање на работите и тоа треба да се промени“, изјави Белерин.