Реал Мадрид чека 43 години за да му се реваншира на Бриж

Реал Мадрид – Клуб Бриж (Лига на шампиони, 18.55 часот)

Серхио Рамос и Начо ќе играат вечерва, а со нив одбраната на Реал е постабилна, што дава сигурност и во останатите линии кај најтрофејниот европски клуб. Тандемот не играше во Париз и Реал доживеа дебакл против Пари Сен Жермен на стартот од новото издание на Лигата на шампионите.

Интересно е што Бриж трипати по ред ремизира во Лигата на шампионите без голови, но вечерва сепак има тежок испит, што тешко ќе го положи без да прими гол(ови).

Двете екипи имаат еден меѓусебен двомеч во поранешниот Куп на европски шампиони во 1976 година и Бриж беше поуспешен. По ремито без голови на „Сантијаго Бернабеу“ во реваншот во Белгија, Бриж победи со 2:0 и го елиминира Кралскиот клуб.

Сега ситуацијата сепак е поинаква, Реал има поквалитетен состав, иако има и доста повредени играчи, но типуваме дека ќе биде ефикасен и дека ќе го победи Бриж.

Предлог тип: Т1 1+& Т1 3+ (2.20) Квота на денот во Sport Life

 

Аталанта – Шахтар (Лига на шампиони, 18.55 часот)

Аталанта го игра првиот меч на домашна почва во Лигата на шампионите во клупската историја, но не во Бергамо, туку ќе мора во Милано.

За противник имаат еден искусен состав што редовно игра во луксузното натпреварување и си изгради одличен имиџ во овој милениум. Шахтар е еден од најстабилните и најредовни учесници во ЛШ во последно време, а и сега има амбиции за пласман во следната фаза.

Првиот меч Украинците го загубија на домашен терен од апсолутниот фаворит во групата Ц, од Манчестер сити со 0:3, па сега пред нив е сложена задача. Не смеат да загубат, но во иста позиција е и Аталанта по дебаклот од 0:4 против Динамо Загреб.

Двете екипи знаат да одиграат офанзивно, имаат опасни мајстори и за контри, па се очекуваат голови на „Џузепе Меаца“.

Предлог тип: 3+ (1.80) Супер тип на Sport Life

 

Галатасарај – ПСЖ (Лига на шампиони, 21.00 часот)

Во фокусот ќе биде дуелот на двајцата одлични напаѓачи од различни генерации. Килијан Мбапе се враќа во составот на Пари Сен Жермен, а на спротивната страна кај домаќините главен адут за голови е Радамел Фалкао.

И двете екипи одлично стартуваа во групата А, па сега ќе имаат можност во меѓусебен дуел да потврдат дека се кандидати за пласман понатаму.

Кај ПСЖ нема да играат Нејмар и Кавани, но за нив е одлична вест дека Мбапе ќе може да игра. Се очекува во офанзивниот дел да го придружуваат Сарабија и Ди Марија, а ПСЖ сака со нова победа да потврди дека е кадарен да биде еден од главните кандидати за пехарот во Лигата на шампионите.

Галатасарај има искусен тим со уште неколку квалитетни и познати имиња, меѓу кои секако се голманот Муслера, потоа и Фегули, Бабел, Белханда, Н`Зонзи, Нагатомо… и нема лесно да му се предаде на фаворитот.

Сепак, веруваме во квалитетот на ПСЖ, кој е неспорен, а сега и самодовербата по одличната победа од 3:0 против Реал е на високо ниво, па ќе типуваме на двојка со 2-4 гола.

Предлог тип: 2&2-4 гола (2.30) Квота на денот во Sport Life

 

Црвена ѕвезда – Олимпијакос (Лига на шампиони, 21.00 часот)

Пријателите вечерва ќе играат меѓу себе на сцена на која нема место за калкулации. Двете навивачки групи ја симпатизираат црвено-белата боја и се збратимени, но на „Рајко Митиќ“ вечерва играчите на теренот немаат простор за многу импровизации бидејќи секој бод во Лигата на шампионите има исклучителна вредност.

Црвена ѕвезда е сосема понаков тим кога игра на домашен терен и на гости во ЛШ, тоа го покажа и лани, а така почнува и сезонава. загубија во Минхен од Баерн без ниту еден шут кон противничкиот гол, а сега треба да покажат дел од ланскиот репертоар, кога во Белград падна и европскиот првак Ливерпул.

Олимпијакос покажа карактер на стартот од ова издание и од 0:2 стигна до 2:2, па и опасно го притисна европскиот вицешампион Тотенхем, но не успеа и да го победи.

Предлог тип: 1Х&2+ (2.25) Квота на денот во Sport Life

 

Јувентус – Баер Леверкузен 

Германските екипи имаат еден голем проблем, а тоа е како да се сопре Кристијано Роналдо. Волшебникот со топка им има дадено 26 гола на германските екипи на 24 натпревари на коишто играл против нив за различни клубови.

И вечерва Португалецот треба да биде главен адут на Јувентус во обидот да се репризира ноември 2001 година, кога Старата дама го декласира Баер со 4:0 на домашен терен на единственото гостување во Торино досега за популарните Фармацевти.

Јувентус сака да го купи Кај Хаверц, еден блескав талент што има само 20 години, но вечерва тој ќе им биде еден од играчите што треба да се неутрализираат. Баер има интересен тим што е спој на младост и искуство и на Јуве нема да му биде лесно, но сепак италијанскиот шампион е подобар во моментов.

Предлог тип: 1&1+ прво полувреме (2.05)

 

- Оглас -

Најнови вести