Лука Дончиќ со фантастична партија беше лидерот на Лос Анџелес лејкерс во големата победа над Денвер на гостински терен од 107-115. Словенечкиот репрезентативец го заврши мечот со трипл-дабл ефект од 38 поени, 13 скока и 10 асистенции.
Денвер играше одлично три и пол четвртини, во кои имаше предност и од 16 поени, но Лејкерси направија комплетен пресврт во последниот период, па дури дојдоа и до водство од 13 поени разлика.
Дончиќ со денешното постигнување го мина Јокиќ по бројот на тројни ефекти во НБА-лигата со најмалку 30 поени, па сега пред него на вечната листа е само Оскар Робертсон.
Резултати:
Филаделфија – Феникс 110-116
Чикаго – ЛА клиперс 138-110
Хјустон – Сан Антонио 111-106
Јута – Минесота 127-122
Денвер – ЛА лејкерс 107-115
Голден стејт -Торонто 127-145
Сакраменто – Мајами 117-130

