20.8 C
Skopje
понеделник, 25 август 2025

Турски дуел на фајтерите му дава предност на Фенербахче

Фенербахче – Анталијаспор (19:30 ч.)

Турскиот гигант пред своите навивачи на трите меча во сезоната даде осум гола, што е речиси три по меч. Офанзивна игра негува Фенербахче, а Анталија е тим кој прифаќа „фајтерски“ фудбал. На последните две меѓусебни средби играни во Истанбул, Фенербахче победува лесно (3:1 и 4:1).

И вечерва се очекува домаќините уште во првиот дел да го скршат отпорот на противникот и на крајот да стигнат до победа со повеќе дадени голови.

Предлог тип:  Т1 1+I & T1 3+ (2.50) Квота на денот во Sport Life

 

Амиен – Олимпик Марсеј (20:45 ч.)

Гостите се фаворити, а дуелот против Амиенс е како порачан за повторно да влезат во победничка низа. Олимпик има три ремија во низа, но кога се работи за мечевите со овој ривал, тогаш е непогрешлив и победува во последните четири меѓусебни средби. На сите тие дуели, тимот од Марсеј дава најмалку по два гола.

Амиенс сигурно нема лесно да се предаде пред своите фанови, па може да се очекува дуел со погодоци.

Предлог тип: Т22+&ГГ (3.45) Квота на денот во Sport Life

 

Бетис – Еибар (21 ч.)

Дуел на две екипи кои ќе се борат за опстанок и се наоѓаат во групата од пет клуба со по осум бода во досегашните седум кола. Бетис е со гол-разлика од 10 дадени и 15 примени гола, што значи дека просекот е преку три погодоци на меч.

Пред своите навивачи, Бетис не смее да губи многу бодови од директните ривали. Еибар во четири гостувања сезонава е без победа.

Предлог тип: 1Х&3+ (2.60) Квота на денот во Sport Life

 

Херта – Фортуна Дизелдорф (20:30 ч.)

Двете екипи се во сосема различна форма. Херта спои две победи, додека Фортуна има четири порази и едно реми на последните пет дуели. Формата е едно, но традицијата вели друго. Фортуна има четири победи и едно реми против Херта, која последен пат со овој ривал се радувала во јануари 2011 година.

На последните седум меѓусебни меча секогаш двете екипи давале гол и било најмалку 3+, па и сега не треба да се очекува поинаков исход.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.86) 

 

Шарлроа – Андерлехт (20:30 ч.)

Ѓоко Зајков ретко игра за Шарлроа во новата сезона и одигра само 90 минути против Кортријк на стартот од белгиското првенство. Денеска неговиот тим игра дерби против гигантот Андерлехт, кој не е во форма и има многу проблеми.

Гостите се во лоша серија од три меча без победа, а на екипа што е еден од симболите на белгискиот фудбал не ѝ прилега позицијата број 13 во домашното првенство.

Шарлроа ќе се обиде да ја искористи кризата на Андерлехт и со победа да се пробие до шестата позиција на табелата. Немаат победа против гигантот на последните четири меѓусебни дуели, а денеска и двете екипи имаат доста кадровски проблеми.

Кај Шарлроа нема да играат Илаимахарирта поради црвен картон, а резервниот голман Манданда е повреден. Андерлехт има уште поголеми проблеми и вечерва Симон Дејвис не може да смета на капитенот Компани, на Димата и на Најар.

Неизвесен е настапот на Бакали, на Макаренко и на Аџеи, што е голем хендикеп. Шарлроа има солиден состав што може да ги искористи проблемите на Андерлехт.

Предлог тип: 1Х&2-5 гола (1.90)

 

- Оглас -

Најнови вести